Наша најважна цел е да ги слушаме потребите на потрошувачите и на нив да одговориме со пекарски производи со врвен квалитет.
Компанијата Дон Дон во Србија работи од 2008 година и оттогаш со постојани инвестиции го прошири своето работење и на европскиот пазар.
Располагаме со производствени погони низ Србија: Панчево, Суботица, Нови Сад, Зрењанин, Пударци, Јаково, Лесковац, Краљево, Крагуевац, Параќин, Велика Плана, Ниш и Зајечар.
За складирање на жито и мелење пченица користиме 2 мелници – во Фекетиќ и Зрењанин.
Во нашите пекари дневно се произведуваат над 300.000 свежи векни, а еден од најголемите производствени и складишни капацитети на Балканот е за замрзнатата програма.
Заедно со производството во Словенија, каде во составот на Дон Дон работи и најголемата словенечка пекара Гросупље, пекара во Крањ и во Даниловград во Црна Гора, денес има повеќе од 2.000 вработени.
Освен во Србија, работиме и на пазарите во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Грција, Бугарија, Романија, Унгарија, Австрија, Словачка, Чешка, Германија и Полска.